Во Прилеп наврнаа 52 л/м2 дожд


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, каде УХМР заклучно со 8 часот изутрина, измери 52 литри наврнат воден талог на метар квадратен. Следуваат  Ѓуриште со 37 литри, Крушево, 31, Попова Шапка, 18,  Крива Паланка, 14, Берово, 12, Куманово, Тетово и Пожаране, 10, Дебар и Маврови Анови, 8, Скопје-Петровец и Виница, 6,…  

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

УХМР информира дека времето изутринава е претежно облачно и тивко со повремени локални врнежи од дожд. Утринава врнежи има во Прилеп и Крива Паланка, а во изминатите часови врнело и во Битола и Скопје – Петровец.

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 24 степени.