Во пожар во неговата куќа, повреден старец


Во петокот, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„Роберт Кох“ во стан сопственост на Ј.С.(71) настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а со повреди се здобил сопственикот на кого му е укажана лекарска помош од итна медининска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.