Во Пекинг владее страв и паника


Луѓе чекаат во групи во Пекинг за да бидат тестирани (Фото: АФП)

Главниот град на Кина брзо воведе карантин за многу негови квартови за за го спречи вториот бран од корона вирусот. Но заразате не е запрена, а неговите жители ги фаќа и страв и паника

 

Пекинг – Жанг Ле (25) чекаше повеќе од два часа пред паркингот да биде тестиран за корона вирус. Полициските службеници стојат зад кордонот, безуспешно викајќи преку звучниците за луѓето да не се собираат во групи. Кога тие не гледаа две жени поминаа под лентата за да ја прескокнат редицата.

Офицер им кажува на Жанг и неговите колеги, работници во ресторан во трговски центар, да одат на другиот влез во центарот за тестирање, поставен на периферијата на паркот. Тие влегуваат таму само за повторно да бидат оддалечени. Во близина, луѓето стојат или седат во групи, додека полицијата се обидува да ги тргне.

„Не знам кој го организираше ова, но нема смисла. Со толку многу луѓе, при доаѓањето овде може да го добиете вирусот“, вели Жанг.

Како и повеќето луѓе на кои им беше кажано од нивните комитети од квартовите или нивните менаџери на работа да дојдат тука за да се тестираат, тој е збунет и вознемирен.

По неколкумесечните фалби за својата победа над Ковид-19 и помошта со својата експертиза на другите земји, Кина е погодена од ново избувнување на заразата во најлошото можно место за кинеското раководство: Пекинг.

Во последните осум дена Пекинг забележа сречиси 200 нови случаи на корона вирус, поврзани со распространетиот пазар на големо на југо-исток на градот. Тој пазар и два други се затворени, а најмалку 33 населби се ставени под различно ниво на заклучување. Училиштата и местата за спорт и забава се затворени.

Властите им наредија на сите жители да избегнуваат несуштински патувања надвор од главниот град и суспендираа стотици летови и сите автобуси на долги релации. Другите градови и провинции почнаа да наметнуваат карантински мерки на патниците од Пекинг.

Луѓе што се наоѓаат во квартовите што се ставени под карантин чекаат да им биде испорачана храна (Фото: АФП)

Градот го спушти своето ниво на реакција на итни случаи во врска со вонредни состојби на 6 јуни, за повторно да го подигне 10 дена подоцна, а жителите реагираа со мешавина на фрустрација и вознемиреност. Патиштата што беа преполни како и повторно отворени канцеларии и деловни активности се повторно празни.

Некои од оние нагло поставени под заклучување ги зафати паника и објавија пораки преку Интернет во кои молат за помош. Еден жител кој тврдеше дека живее во близина на пазарот изјави дека на семејствата во квартот им снемува храна. Официјалните лица оттогаш рекоа дека на оние кои се во домашна карантин ќе им биде пружена помош за да добијат резерви.

Други лица објавија дека биле принудени да одат на тестови на корона вирус и карантин, иако не отишле близу пазарот на „Шинфади“. „Какви големи податоци се ова“, напиша едно лице кое рече дека им било кажано да одат во карантин, откако возеле на 5 км од квартот и тоа се смета за визок ризик од пазарот на големо.

Во текот на минатата недела, Пекинг тестираше околу 700.000 луѓе. „Сите се исплашени. Никој не сакаше тоа да се случи “, вели Жанг, чекајќи на редот во близина на паркот Чојанг.

Друга личност таму, Ши Панју (25), вели: „Мислите дека не може да се случи повторно – и тогаш тоа се случи“. Од нова година, вели, тој посветено носи маска за лице на отворено и се придржува кон безбедносните мерки. „Не очекував втор бран во Пекинг“.

Во четвртокот, главниот епидемиолог во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Ву Зунју, рече дека избувнувањето е ставено под контрола, но предупреди дека новите случаи можат да продолжат да растат „некое време“ пред да се израмнат како што тоа се случи во Вухан.

Експертите за јавно здравје велат дека избувнувањето во Пекинг зборува помалку за справувањето со кризата во Кина отколку за тешкотијата на справување со вирусот без вакцина.

„Вирусот не ги почитува наредбите, драконските мерки или територијалните граници. Значи, тоа само покажува дека има ограничување дури и за авторитарна држава која вложи напорни напори да го спречи епидемијата“, рече Хуанг Јанџонг, постар соработник за глобално здравство во Советот за надворешни односи во САД.

Тој предупреди дека без да се идентификува потеклото на заразата, не може да се запре. „И покрај тоа што нема зголемување на случаи, не мора да сугерира дека заразата е под контрола“, рече Хуанг. „Може да ги тестирате луѓето, да ги третирате луѓето, да наметнувате карантин и да ги изолирате, но ако остане изворот на проблемот, тоа значи дека не го пронајдовте основното решение“.

Главната сала на железничката станица во пекинг се дезинфицира (Фото: АП)

Потеклото на новата зараза стана политичко прашање, исто како што имаше полемики околу тоа дали вирусот започнал во Вухан, каде за прв пат беше откриен минатата година. Истражувачи и официјални претставници на кинеската влада сугерираат дека вирусот потекнува од загаден лосос од странство. Друга теорија е дека „супер-дистрибутер“ заразил луѓе на пазарот.

Научниците проценија дека најраните инфекции биле кон крајот на мај или почетокот на јуни, но директорот на ЦДЦ во Кина рече дека вирусот може да се ширел еден месец порано.

Во петокот Пекинг го објави геномот на вирусот, заклучувајќи дека се чини дека станува збор за европски вирус. „Вирусот е од Европа, но тој е различен од вирусот што моментално се шири во Европа“, рече Жанг Јонг, официјален претставник на ЦДЦ. „Постар е од вирусот што моментно се шири во Европа“.

Епидемиолозите и експертите за јавно здравје повикаа на повеќе детали, додека критичарите велат дека Пекинг се чини дека ја турка идејата дека вирусот потекнува од странство, како начин да се отстрани вината.

Јасно е дека властите работат напорно за Пекинг да не стане „Вухан 2.0“. За неколку дена од појавата на новата зараза, три лица беа отпуштени во врска со справувањето со кризата, а официјалните лица одржуваат редовни, понекогаш и повеќедневни прес-конференции и објавуваа постојани ажурирања за најновите мерки и бројки.

Кога полицијата започна да ги оддава луѓето од местото на тестирање во паркот, групите дискутираа каде да одат на ручек. Тие ќе бидат известени кога има простор за тестирање.

Како и многу жители, Жанг е можеби повеќе нервозен поради губење на работата отколку за фаќање на вирусот. За него, можноста дека појавата на епидемија може да биде полоша отколку што е позната или дека властите може да прикриваат критични информации – како во раните денови на појавата на Вухан – не е главна грижа.

„Дури и да беа“, вели тој, „не можеме да сториме ништо за тоа“. (Гардијан)