Во Москва во еден ден починаа најмногу луѓе досега


Москва

 

Бројот новозаразени со корона вирус порасна за повеќе од 1.000 во рускиот град Санкт Петерсбург, пред натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство во фудбал, кое се игра во овој град во петок.

Градските власти јавија за речиси 1.300 случаи во еден ден, 50 повеќе од вчера. Во рој од 24 часа починаа повеќе од 100 луѓе.

Во Москва починаа 114

Властите соопштија дека во целата земја има 21.600 новозаразени. Најтешко е погодена Москва, со 6.700 нови случаи и 114 починати, што е најголем број од почетокот на пандемијатам јави Интерфакс.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, осврнувајќи се на брзото ширење на делта варијанатата на вирусот рече: „За да го решиме овој проблем, мора да се вакцинираме или да воведеме карантин“.

Москва повторно ја отвори својата навивачка зона за Европското фудбалско првенство, откако привремено беше затворена. Бројот на заразени во Русија брзо расте од почетокот на јуни.