Во Мариупол нема луѓе и храна, а Русите донесоа камена статуа
Заменик-шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин откри статуа што ја симболизира поддршката за руската инвазија на Украина во окупираниот град Мариупол.Сергеј Кириенко одржа говор покрај споменикот, на кој е прикажана постара Украинка која држи советско знаме, на плоштадот „Ленински Комсомол“ во градот.
Пензионерката, позната како бабушка Ања, стекна вирална популарност меѓу провоените Руси откако беше снимена како погрешно ги поздравува украинските војници со советски транспарент во април. Руските државни медиуми нашироко споделија видео како доказ за поддршката од жителите за инвазијата на Москва на Украина, при што сликата на Ања се појавува на билборди, згради и на производи.
„Бабушка Ања е симбол на татковината за целиот руски свет“, порача Кириенко на откривањето на статуата.„За жал, не го знаеме нејзиното целосно име, но дефинитивно ќе дознаеме и ќе имаме можност да и се заблагодариме и да и се поклониме“, додаде тој.
Руските медиуми минатата недела објавија дека Кириенко ја презел одговорноста за односите на Кремљ со сепаратистичките региони на Доњецк и Луганск во источна Украина, и покрај тоа што обично ја предводи внатрешната политика на Путин.Аналитичарите ја протолкуваа реконструкцијата како потенцијален знак за плановите на Русија да го вклучи источниот украински регион Донбас како дел од Русија, и покрај тоа што Путин официјално ги призна и Доњецк и Луганск како независни земји пред инвазијата на Украина на 24 февруари.
Сличен споменик на бабушка Ања беше накратко поставен во рускиот пограничен град Белгород оваа недела, но брзо беше симнат по извештаите за вандализам. Локален жител потоа доби 15 дена затвор за ова дело.