Во куќа во Англија пронајдени мртви брат и сестра на возраст од 11 и 7 години


Полицијата во британскиот Стафордшир ги именуваше двете деца кои починаа вчера, откако беа пронајдени повредени во куќа во Стоук-он-Трент.

Станува збор за 11-годишниот Итан Џон и неговата седумгодишна сестра Елизабет. Двајцата биле пронајдени со тешки повреди во куќа на улицата Лен, каде подоцна починале. Нивните училишта им оддадоа почит.

 

 

Уапсена е 49-годишна осомничен
„Итан беше прекрасен член на нашата училишна заедница. Имаше беспрекорни манири и заразна насмевка. Ќе им недостасува многу на вработените и учениците и засекогаш ќе биде дел од нашите срца“, велат од училиштето на Итан.

Оддавајќи ѝ почит на Елизабета, нејзиното училиште рече: „Елизабет беше љубезен, грижлив и пријателски член на нашето училишно семејство. Таа беше пријателка на сите и сончев зрак кој секогаш имаше насмевка на нејзиното лице“.

49-годишна жена од Стоук-он-Трент е уапсена под сомнение за убиство.