Во Кичево поднесени кривични пријави за фалсификување исправи


Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Р. Џ. (49) од Охрид како и против М. М. (42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“.

Првоосомничениот Р. Џ. како вработен во друштво за шпедиција „Сури Шпед” Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „ауди“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило. Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација.

Второпријавениот М. М. во натамошна постапка, приложил документи кои не биле заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки, своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот.