Во Канада денеска ќе пристигнат првите вакцини на Фајзер


Првите дози вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“ ќе пристигнат денеска во Канада, а серија од 30.000 дози ќе пристигнат во понеделник, изјави официјалниот претставник задолжен за вакцинација во Канада за националната ТВ-мрежа Си-Би-ЕС.

– Канада се очекува да ја одобри вакцината на „Модерна“ „разумно наскоро“ и да биде подготвена да прифати испорака на вакцината до крајот на неделава, изјави генерал-мајор Дени Фортин.