Во Јурумлери се славело со пејачка, полицијата ги прекина


Во средата во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од истото сел.

При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка.