Во Исламабад средба на земјите членки на Заедничкиот одбранбен договор од Мека
Министрите за одбрана и претставници на армиите на Пакистан, Саудиска Арабија и Турција денеска во Исламабад разговараат за ситуацијата во Блискиот Исток, како и актуелните напади врз врз Саудиска Арабија од страна на јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран.
Средбата се одржува во рамките на трилатералниот одбранбен договор, според кој напад врз една од државите се смета за напад врз сите три. Денешната седница на Комитетот за стратешки, политички и одбранбени прашања се одржува во рамките на „Заедничкиот одбранбен договор од Мека“, потпишан од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Турски официјални претставници изјавија дека Анкара размислува за обезбедување воена помош за Саудиска Арабија, потенцирајќи дека турскиот воен персонал нема да биде распореден за учество во борбени операции во Јемен, ниту пак за изведување напади врз Хутите.
Според пакистанските претставници, се очекува трите страни да разговараат за мерки за одвраќање на заканите, проширување на воената соработка, размена на разузнавачки податоци и зајакнување на врските во рамките на одбранбената индустрија.
Пакистанскиот министер за одбрана Каваџа Мухамед Асиф изјави дека Ријад ќе ги искористи „сите расположливи средства“ за да ја одбрани Саудиска Арабија од нападите на Хутите.
На претходната средба во Ријад, трите земји се обврзаа на итно спроведување на договорите за колективна одбрана, што вклучува одредби за брзо распоредување на претходно договорени воени сили и средства во Саудиска Арабија.