Верижен судар на 37 возила во Швајцарија – десетина повредени
Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу повеќе возила во Швајцарија. Швајцарската полиција соопшти дека вкупно 37 возила се судриле на автопатот А1 во пошироката област на Цирих рано наутро во петокот.
Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале 23 автомобили, шест комбиња и осум камиони. Повеќето од возилата биле отстранети од влечната служба.
Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена, но полицијата соопшти дека во времето на несреќата преовладувале зимски услови на патот.
Дел од автопатот во правец на Сент Гален останал затворен до доцна попладне.