Во Хрватска нови 1.710 заразени, починаа 12 пациенти


Во последните 24 часа, во Хрватска се забележани 1.710 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 8.875.

Од нив 741 пациент се лекуваат во болница, а 94 се на респиратор.

Починаа уште 12 лица.

Досега во Хрватска од корона вирус заболеле 404.790 лица, а 8.640 починаа. Тестирани се 2.823.030, од кои 9.674 во последните 24 часа.

До вчера вакцинирани се 44,78 отсто од вкупното население или 53,73 отсто од возрасните.

Вчера имаше 1.911 новозаблени, со 14 починати пациенти, од кои1 2 беа невакцинирани.