Во Ѓорче Петров ранет полицаец – пукале додека бил во возило

Околу 16.40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата „Св.Петар и Павле“, лице од возило „голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.
Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.