Во Германија во последните 24 часа има нови 590 жртви на корона вирусот


Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 590 смртни случаи од корона вирус, што е најголема бројка на дневна основа, додека истовремено пријавени се 20.815 нови случаи на заразени, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“.

Во неколку германски држави, вклучувајќи ги Саксонија и Баварија, се оди кон натамошни мерки за затворање.

Германските власти вчера предупредија дека континуирано високиот број новозаболени може да доведе до полнење на болниците, како и дека голем број луѓе ги игнорираат воведените мерки со цел да се запре ширењето на епидемијата.

Високи владини претставници, исто така, предложија по Божиќ земјата да се затвори на  две недели, што би значело продолжување на училишниот одмор за една недела и затворање на сите продавници што не е неопходно потребно да работат.