Во Германија, место со вакцини шприцевите ги полнела со физиолошки раствор

Работничка во германскиот центар за вакцинирање признала дека шест инјекции наполнила со физиолошки раствор место со вакцина против корона вирус на фирмата „Фајзер/Бионтек“.
„Физиолошкиот растор е безопасен и не постои здравствен ризик за оние на кои им е вбризган“, рече денеска Матиас Пулц, претседател на државната канцеларија за здравство на ДОлна Саска.
Според извештаите, вработената во центарот во Фрисленд го испуштила шишенцето со физиолошки раствор мешајќи го со вакцината, па се обидела тоа да го прикрие.
Локалниот функционер Свен Амбрози рече дека „случајот е шокантен“ и дека веднаш се воведени дополнителни проверки што се однесува на подготовката на вакцините.
Се подготвува отказ, полицијата истражува
„Никој веќе не останува сам со вакцините па вакви случаи повеќе не се можни“, истакна Амбрози.
Од германскиот Црвен крст известија дека обвинетата медицинска сестра е на возраст од околу 40 години и дека ѝ се подготвува отказ.
Полицијата во договор со локалното државно обвинителство почна истрага дали станува збор за испланиран напад.
Властите проверуваат кого медицинската сестра го вакцинирала за да може тие луѓе да примат прва доза вакцина против корона вирусот.