Во Франција уапсени 29 лица за финансирање на тероризмот во Сирија
Дваесет и девет лица се приведени од француската полиција во рамките на операцијата насочена против финансирање на тероризмот преку интернет, за кој наводно имале корист припадниците на Ал-Каеда и ИСИС во Сирија, јави дописникот на МИА.
Според антитерористичкото обвинителство, оваа операција доведе до „55 претреси во 26 различни департмани и ставање во полициски притвор на 29 лица, на возраст од 22 до 66 години, од кои повеќето се осомничени дека внесувале средства во мрежата во полза на свои блиски кои се наоѓаат во Сирија, додека двајца од нив, имале главна улога во оваа мрежа.
-Оваа акција е дел од прелиминарната истрага отворена на 24 јануари 2020 година за финансирање тероризам и злосторничко терористичко здружение, по откривањето од страна на Тракфин на софистицирана мрежа за трансфери на средства до француски џихадисти кои се уште се присутни во Сирија, се вели во соопштението на обвинителството.
Според обвинителството, оваа мрежа е „активна од 2019 година и се базира главно на купување купони за крипто-валути во Франција, чии референци се пренесени преку безбедна порака до џихадистите присутни во Сирија, а потоа се кредитираат на платформите на биткоини “.
Истражните органи успеале да идентификуваат „двајца француски џихадисти“ кои ја поттикнале оваа мрежа „Месут С. и де Валид Ф., двајцата на возраст од 25 години“. „Тие заедно заминале во Сирија во 2013 година, тие се осомничени дека се членови на терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) поврзана со Ал-Каеда и за нив има потерница по првата осуда на 10 години затвор, изречена на 10 април 2016 година, во нивно отсуство, од страна на кривичниот суд во Париз “, објаснува обвинителството.
-Судските органи добро знаат дека, без оваа материјална помош, децата (во логорите во Сирија) се директно изложени на ризик од смрт“, одговори адвокатот Мари Дозе, адвокат на неколку лица кои се во притвор .
-Ни одбиваат да ги вратиме назад овие деца и исто така им забрануваме на семејствата да им даваат минимална помош, додаде таа, нагласувајќи дека овие семејства „немале друг избор освен да испратат пари поинаку“ на нивните најблиски.