Во Франција највисок број на новозаразени досега – 88.000 случаи


Франција регистрираше уште 179 смртни случаи, додека бројот на заразени со Ковид-19 на одделенијата за интензивна нега достигна 3.208, што е за 61 повеќе од претходниот ден, јави Танјуг.

Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани околу 88.000 нови случаи на корона вирус, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство, што е најголем број новозаразени во земјата од почетокот на пандемијата.

„Денешните бројки не се добри“, им рече на новинарите министерката за здравство Оливија Веран, пренесува Ројтерс.

Дека цела Европа брои високи дневни порасти на заразени покажува и денешната Ковид-мапа на ЕУ. Решиси цела Европа е во темно црвена боја.