Во две одделни сообраќајки повредени двајца
Во сообраќајна незгода во Скопје повреден е велосипедист, а во возило кое излетало од патот Битола-Кичево, повредена е сопатничка, соопшти МВР.
Во вторникот, во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(26) од Скопје и велосипед, управуван од Ш.А.(73) од Скопје.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Истиот ден, во08.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Кичево, во близина на крстосницата за село Лисолај, патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(35) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Ц.(55) од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.