Во две одделни сообраќајки настрадаа двајца пешаци


Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје и во Охрид, прегазени се двајца пешаци, кои завршиле во болница.

Во петокот, околу 20.45 часот во Скопје пред хотел на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. По незгодата Е.Б. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 10.25 часот пред банка на бул. „Туристичка“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(39) од Охрид удрило во Н.К.(45) од с.Велгошти,охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. која е пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.