Во Драмски театар претставата „Кафез кај кокони“
На сцената на Драмскиот театар Скопје вечера, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Кафез кај кокони“, на текст на францускиот автор Жан Пуаре и во режија на Димче Николовски.
Улогите во претставата ги толкуваат Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Стефан Вујисиќ, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Емилија Мицевска, Нела Павловска и Бранко Атанасов.