Во четврток во Скопје посебен режим на сообраќај поради посетата на фон дер Лајен


Фото: Б. Грданоски

Поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четврток Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од СВР Скопје.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.