Во Чешка загинаа петмина, меѓу нив и млада трудница и студент
Во невремето со торнадо во Чешка, загинаа петмина во четвртокот, а меѓу нив и една трудна жена од Словачка, ќерка на познатиот музичар Франтишек Цмар. Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи.
На младата трудница паднала железна конструкција, а таа починала на место.
Загина и маж на шеесетгодишна возраст, сопственик на паб, кој во моментот на невремето бил сам во автомобил.
Засега потврдена е смртта на петмина, а повредни се повеќе од 200.
Еден од петте жртви е 21-годишен студент кој патувал кон Универзитетот Брно, кога врз него паднал столб од училна расвета.
Директор на болница: Беше апокалипса
Директорот на болницата во Ходонин, Антонин Тесарик вели дека еден од починатите бил пациент во болницата, каде им подлегнал на повредите. По бурата, болницата згрижила 200 повредени.
Според него, ситуацијата била како на бојно поле.
„Беше апокалипса. Секаде крв и беспомошни луѓе во солзи. Спасувавме голи животи…“ вели директорот.
Торнадото ги погоди градовите околу Ходонин, по должина на границата со Словачка и Австрија, 270 км јужно од Прага.
Стотици згради се оштетени, се собира помош
Се работи за најсилен таков налет на ветрот во модерната историја околу средноевропската земја и прво торнадо од 2018 година, јави метеоролошката служба. Стотици згради се делумно или потполно уништени во седум градови во јужна Моравска.
„Преживеав војна, но никогаш во својот живот не сум видела вакво нешто“, вели постара жена за новинската агенција ЧТК.
Министерството за регионален развој објави дека ќе даде 16 милиони евра како итни средства за обнова.
Премиерот Андреј Бабиш исто така, планира да аплицира за пари од фондот за солидарност на ЕУ, кој помага по големи катастрофи.
Хуманитарните организации за многу кратко време од приватни донатори добија 6 милиони евра за жртвите на торнадото.