Во Центар Жупа и Маврово и Ростуша ќе се повтори гласањето
Во две општини ќе се повтори целата изборна постапка, соопшти вечерва на прес конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„Во две општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка“, рече Даштевски, појаснувајќи дека тоа е предвидено според чл.132 ст.2 од Изборниот законик.