Во Центар се отстрануваат и контејнерите


 

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги информира граѓаните од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

Вечерва – 6.05.2019, околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Св.Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кирил и Методиј, како и на Кејот 13 Ноември.
Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер – 7.05.2019 година.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад, пишува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“– Скопје .