Во Британија највисок број заразени од февруари
Велика Британија денес забележа 18.270 нови инфекции со корона вирус – највисок дневен пораст од 5 февруари – и 23 смртни случаи.
Вчера беа пријавени 15.810 нови случаи.
Случаите растат во Велика Британија последниот месец, но се чини дека вакцинациите го задржаа дневниот биланс смртни случаи на околу 20 или помал, пренесува Ројтерс.
Дури 83,7% од возрасните имаат примено прва доза на вакцина, додека 61,2 отсто се со две дози.