Во болницата „8 Септември“ синоќа повторно нападнати медицински лица
По неодамнешните случаи на напади на вработени во повеќе болници во Скопје и Тетово, синоќа повторно се случи напад на медицински лица во Градската болница „8 Септември“.
Роднини на починат пациент го нападнеле персоналот во болницата „8 Септември“. Тие синоќа ги нападнале медицинските лица, а интервенирала и полицијата.
Дел од вработените во одделот за интензивна нега во болницата утринава протестирале пред канцеларијата на директорот Христијан Костов и барале поголема заштита.
Се очекува во 12:30 Костов да соопшти повеќе детали за инцидентот.