Во Битола вечер гостува Армин Ван Бурен, СВР Битола апелира да не се користат возила кон стадионот


На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола вечерва во рамки на културното лето „БитФест“ гостува светски познатата ѕвезда Армdин Ван Бурен.

Од СВР Битола во пресрет на вечерашниот и еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на  Битола, упатуваат апел до возачите да не ги користат своите возила. 

Во соопштение за јавност, од СВР Битола нагласуваат дека заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола што се очекува, граѓаните на Битола да се воздржат од управување на своите патнички возила, а особено вечер за време на одржување на настанот. 

Очекуваат граѓаните да се воздржат од управување на моторни возила со цел непречено одвивање на сообраќајот и реализација на настанот.

Вечерашниот музички спектакл го организираат Општина Битола и Авалон продукција, а освен Армин Ван Бурен, вечерва на стадионот во Битола ќе настапат и Лаура Ван Дам, Сирилик и Семпре.