Во 4 наутро украле банкомат од маркет во Аеродром
Четворица крадци по кои се трага успеале да украдат цел банкомат од маркет во населбата Аеродром.
„На 11.07.2021 околу 4 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.