ВМРО-Народна бара Македонија да се вклучи во европската лотарија “Еуро милионс“
„По воспоставувањето на ваквиот систем, ВМРО-Народна партија предлага и укинување на институцијата „Државна лотарија“ од проста причина што покрај сите досегашни нерегуларности во која била вклучена и самата институција се нанесува и непотребна финансиска штета која во голема мера влијае на финансиското работење на Р. С. Македонија.
Воедно ВМРО-Народна партија дополнително предлага и укинување на институцијата „Фонд за иновации“ затоа што само во последниот период од 10 години токму таа институција бележи расфрлање на буџетските пари без конкретни резултати при реализација на финансирани „иновативни проекти“. Сведоци бевме на бизарни проектни предлози кои низ годините успеале да приберат огромна сума на буџетски финансиски средства без финален производ за кој биле и финансирани“, тврдат од партијата.