ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да објави кој се вакцинирал, сè друго е лага
-Единствениот начин на кој Зоран Заев може да докаже дека нема злоупотреба на процесот на вакцинирање и дека нема ВИП вакцинација, е да објави кој досега примал вакцина, а не да ги крие. Наместо тоа, сè она што го видовме досега претставува криење на вистината и под плаштот на некакви класифицирани информации не се објавува кој примил вакцина. Луѓето од власта тајно одат на одмори додека народ умира. Тајно договараат провизии, а сега тајно се вакцинираат. Го повикуваме Заев уште веднаш да ги декласиифицира и објави информациите кој до сега се вакцинирал? Сè друго е лага, е наведено во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.