ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Стразбур: Суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина

Во куса реакција од само четири реченици ВМРО-ДПМНЕ оцени дека одлуката на Судот за човекови права во Стразбур одлучувајќи за аболициите на претседателот Ѓорге Иванов била само поради тоа што апликациите биле преуранети и дека „суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина“.
„Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија.
Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на еврообврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед“, се вели во соопштението.