ВМРО-ДПМНЕ тврди дека полициски инфилтратори ги предизвикале насилствата
Главната опозициска партија се амнестираше себеси и присутните граѓани на протестите од насилствата пред Собранието и обвини дека имало полициски инсталации за предизвикување инциденти.
„Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Тој не кажа ниту еден збор за повредените 47 полицајци, но рече дека полицијата употребила несразмерна сила при апсење на „голораки момчиња“.
Ковачки повика граѓаните денеска повторно да се соберат во 19 часот пред владата.