ВМРО-ДПМНЕ се врати на старата цел – обвинителот Коцевски, и бара да се поднесе оставка


Фото: Б,. Грданоски

 

По неколку есечен мол по трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ одненадеж се врати на старата цел – обвинителот Љупчо Коцевски. И бара од него да се и поднесе оставка. Зароа што наводно, ги штител, политичките интереси на СДСМ и ДУИ.

„Коцевски е делегитимиран и нема интегритет да биде повеќе на позицијата обвинител бидејќи наместо да ја брани правдата и да го гони криминалот тој ги штити политичките интереси на СДС и ДУИ.

Коцевски избра да биде заштитник на СДС и ДУИ и по секоја цена да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ да не одговараат за бројните криминали за коишто постои сомнение дека ги направиле изминатите 7 години.

Коцевски е симбол на обвинителство кое е ставено во служба на партиската елита, под негово водство обвинителството не гони криминал, не отвора предмети туку ги држи во фиока“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Малку подоцна, на прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски ги продолжи овие напади велејќи дека „ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност.

Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени“.

Минатата недела во Собранието беше прифатена интерпелацијата против Љупчо Коцевски поднесена од Левица, а поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Интерпелацијта беше  поддржана со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“.