ВМРО-ДПМНЕ се „крсти“ во Пендаровски


Обидувајќи се да го прикаже степенот на корупцијата во Македонија Владимир Нелоски изјави дека до пред неколку години нарко-картелите ги одредувале носителите на власта во Колумбија

Очекуваме дека уставобранителите конечно ќе добијат можност да ја докажат својата невиност, вели претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски за очекувањата од средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот  Стево Пендаровски.

Нелоски исто така потенцираше дека време е Зоран Заев да ги тргне рацете од обвинителството  и судството за да може уставобранителите да добијат вистинска правда.

– Очекување е да се излезе со заеднички став околу вистинската правда за уставобранителите, и очекуваме Зоран Заев конечно ги тргне рацете од судството и обвинителството и овие луѓе кои се невини обвинети и за дело кое не го сториле конечно да добијат можност да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече Нелоски.