ВМРО-ДПМНЕ се фали со поддршка, СДСМ вели дека анкетата е лажна
Новата Влада на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ужива значителна поддршка од граѓаните – 38,9% од испитаниците се задоволни од работата на Владата во првите пет месеци, додека 31,2% не се задоволни“, покажува истражувањето на агенцијата Маркет вижн, нарачано од МКД.МК и спроведено од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
Во однос на насоката во која се движат работите во земјата, 35,6% сметаат дека се движат правилно, а 34,3% имаат спротивно мислење. Позитивна оценка доби и премиерот Мицкски, со 40,3% задоволни испитаници. Граѓаните генерално ги поддржуваат мерките на Владата, вклучувајќи го и заемот од Унгарија.Истражувањето било спроведено со телефонско анкетирање (CAWI метода), со статистичка грешка од 3%.
Додека ВМРО-ДПМНЕ се пофалија со резултатите, од СДСМ велат дека ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Христијан Мицкоски.
Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.
На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.
Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија“, велат од СДСМ.