ВМРО-ДПМНЕ реагира: СДСМ не остави пари за платите на наставниците


Фото: Б. Грданоски

Срамно е СДСМ да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година.