ВМРО-ДПМНЕ пресмета: Над 670 деца се иселиле од Македонија за едно полугодие


Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови, реагира со соопштение денес ВМРО-ДПМНЕ. Според нивната проценка, само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани, во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци. 

-Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата.  Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата. 

Сите истражувања изминатите шест години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија. Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите, оценуваат од оваа партија гледајќи спас во предвремени избори.