ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери и двајца пратеници


Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, најави Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што  имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно, рече Панова.

Според неа, кривичната пријава е против претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД,и против двајцата пратеници.