ВМРО-ДПМНЕ пак реагира за злоупотреба на Мирчевски од 29.000 евра


Кадрите на СДСМ со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на СДСМ, тврди Бране Петрушески од ВМРО-ДПМНЕ, кој по петти  пат реагира на оваа тема за, според нив, тешка злоупотреба од – 29.000 евра. 

-Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале.Мирчевски од СДС  потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни.Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани.Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски.

Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.Аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар. Мирчевски користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист, за себе и за свои блиски лица, изјави денес Петрушевски.