ВМРО-ДПМНЕ не сака онлајн седници


Идејата на собранискиот спикер за „онлајн седници“ е одбиен од ВМРО-ДПМНЕ пред и воопшто да биде ставен во некаква процедура за гласање. Од партијата на Христијан Мицкоски порачуваат дека онлајн-собрание во време на корона-кризата е само алиби за тенкото мнозинство, бидејќи некои пратеници не се појавуваат на работните места и нема кој да гласа.

„Не е возможно да има онлајн собрание … Должност на стручните служби, вклуувајќи го и претседателот е да се овозможи да функционира собранието. За тоа се брзаа и изборите, а не да импровизираме и да изиграваме некоја си институција или држава.“ – вели Игор Јанушев.

Од друга страна, предлогот од Цафери е добредојден за сопартијците на Зоран Заев  Во случај на изолација на пратеници или заболени со коронавирусот, работењето од дома е решението, порачува Јован Митревски од СДСМ.

„Еден заболен независно дали станува збор за пратеник или вработен во собраниските служби може да ги стави сите пратеници или цело Собрание во изолација. Онлајн работата не само што е прифатлива за нас пратениците, туку е и нужна.“ – вели Митревски.