ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира амнестијата за обичните затвореници


Откако измените на кривичниот законик обезбедија застареност за многу дела на бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од оваа партија најавуваат дека ќе го блокираат новонајавениот Закон за амнестија со кој треба да се ослободи дел од затворениците за полесни кривилчни дела – за да се испразнат затворите. Во смисла може да се амнестираат функционерите а не можат обичните престапници. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање  потврди дека партијата „преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта“.

-Тој закон кој што е предложен, а од вчера е достапен и на јавноста, е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие политички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните, Во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.