Откако ВМРО-ДПМНЕ го поддржа, Максим Димитриевски сега го прашува Оливер Спасовски до каде е истрагата за бегството на Никола Груевски


Можно е изјавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го поддржи независниот кандидат (поранешен сдсмовец) за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, да ги измешала картите во расположението на гласачкото тело во градот, па денеска
граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ запраша до каде е истрагата на бегството на Никола Груевски.

„Зошто никој сѐ уште не сноси одговорност? Каква е инволвираноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потпретседател на СДСМ во овој случај?“, стои во нивното соопштение. Оттаму поставуваат и прашања за Дива населба и велат дека „сите фајлови за настаните се во Министерството за внатрешни работи, зошто Спасовски не објави кој е сценарист, а кој режисер?“

За цело време на кампањата Максим Димитриевски повеќе се занимава со неговиот сограѓанин Оливер Спасовски, а многу помалку води политчка битка со противкандидатот во вториот круг, Оливер Илиевски од СДСМ.