ВМРО-ДПМНЕ го омаловажи протестот на синдикатите – се собрале едвај илјада луѓе
Иако на попладневниот протест на ССМ се собраа повеќе илјади луѓе владејачката ВМРО-ДПМНЕ го омаловажи велејќи дека имало едвај илјада луѓе и ги нарече „таканаречени борци за работнички права“. Во соопштението на партијата се вели дека ССМ бил синдикат на СДСМ и Левица и дека тие биле сојузници против работниците.
„На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1.000 лица. Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од две години.
Истите тие, или СДС, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати кое јасно им беше понудено.
Нивниот тнр. лидер Слободан Трендафилов што знае како е да се живее со минимална плата кога зема 3-4 минимални плати“.