ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска нема ни ден стаж како судија, но има во политиката


Фото: Б.Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ повторно реагира на изборот на Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет, што според нив е уште еден показател дека власта  максимално го партизира судството.

-Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија , а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија.Истата таа Црвенковска можеби нема искуство како судија, ама затоа има сериозен политички багаж како шеф на кабинет на Владо Бучковски и вршител на функција во влади предводени од СДСМ. Ова е сериозно  политичко мешање и обид за контрола на судската власт, а веројатно крајната цел е да се забошотуваат криминалите на оваа власт предводена од Заев.

Оправдан е сомнежот на јавноста дека меѓу другото Црвенковска може да влијае и на судскиот процес поврзан со пропаѓањето на Еуростандард банка, од проста причина што токму нејзиниот сопруг е меѓу посочените кои зеле кредит од банката без соодветно покритие и истиот не го вратиле. На овој начин банката и штедачите се оштетени, за што и самите тие сведочат.Павлина Црвенковска нема кредибилитет и ако имаше барем малку доблест ќе поднесеше оставка уште веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.