ВМРО-ДПМНЕ блокира над 70 закони во Собранието


Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ соопшти денес дека ВМРО-ДПМНЕ веќе блокира над 7о закони во Собранието, што значи дека со најавите за нови поагресивна блокада сериозно же наштети на интересот на граѓаните. 

„Зарем законите за наставници и стручни соработници со којшто 4.700 работници чекаат да се трансформираат од определено на неопределено време не е клучен за граѓаните, за служба во армијата, за Клинички центар којшто е 500 милиони евра вреден проект за подобри услови во здравството.. Тие празни флоскули којшто ги слушаме од опозицијата се со цел  да се добие некој ситен политички поен.

Граѓаните знаат и препознават дека законите што се во Собранието се  важни и треба час поскоро да се донесат. Преку 70 закони се блокирани и закочени преку долги процедурални излагања на пратениците од опозицијата.Верувам, повторно ќе потенцирам дека час поскоро ќе надвладее разумот  и дека во вакви услови кога се соочуваме со голем број на кризи дека ќе се донесат овие закони“, кажа Каевски.