ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност, не само оставка на Рашковски


Фото: Б. Грданоски

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на поднесената неотповиклива оставка на Драги Рашковски. Од таму велат дека изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност.

„Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат. Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека „така беше и случајот со Ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски“.

„Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска“, порачуваат од опозицијата.