ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар


Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ..

Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“. Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.

-Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони. Македонија има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.