ВЛЕН најавува „историски проект“: Ќе го проширува булеварот „Цветан Димов“ во Чаир

Жителите на Чаир конечно ќе го добијат булеварот што со години го очекуваа. Благодарение на ангажманот и посветеноста на ВЛЕН, започнува реализацијата на историскиот проект за проширување на булеварот „Цветан Димов“, инвестиција вредна 10 милиони евра.
Овој проект претставува една од најголемите инфраструктурни победи за Чаир во последните децении и е доказ дека ВЛЕН знае како да ги претвори ветувањата во дела.
Со проширувањето булеварот ќе добие нов, модерен лик – пошироки коловози, велосипедски патеки, безбедни пешачки премини и подобра инфраструктура. Тоа ќе значи поефикасен проток на сообраќај, помалку метеж и поголема безбедност за граѓаните.
Од ВЛЕН потенцираат дека оваа инвестиција е „гаранција за доверба и визија за иднината на Чаир“. Според нив, со овој чекор започнува ново поглавје во развојот на општината и се покажува дека кога има политичка волја и чесен пристап – резултатите се видливи.
„Ова не е само пат, ова е симбол на една нова ера за Чаир. ВЛЕН докажува дека е гласот и силата на граѓаните“, порачуваат од партијата. Со овој проект, Чаир не само што добива модерен булевар, туку и основа за идни економски и урбани развои, со што се отвораат нови перспективи за целиот град, порачаа од ВЛЕН.