Влатко Стефановски се враќа со концерт на Антички за 50. јубилеј – Комерцијална банка ги поддржува културните вредности
Комерцијална банка, најголемата домашна банка, продолжува да ги поддржува најзначајните културни настани во државата. Меѓу нив е „Охридско лето’, чие 64. издание е во тек, фестивал кој ветува 40 дена возбуда со дел од светската уметничка елита. Од 12 јули до 20 август на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма.
Комерцијална банка е еден од главните спонзори и на 50. јубилеен концерт на Влатко Стефановски кој ќе се одржи на 26 јули во Античкиот театар. Гости на концертот се Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз.
Од Охрид почнува славеничкиот јубилеј дома и во регионот. На 14 декември Стефановски ќе има концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје, на 16 декември во Белград, а на 18 декември во Загреб.
Виртуозот на гитара ќе ја потсети нишката публика на неколку од неговите најпознати хитови какo што сe „Ноќта будна“, „Јованo Јованке“, „Учи мe маjкo, казни мe“, „Kaко кaкао“, „Чyкни во дрво“, “Скoпje”, „Maкедонско девојче”, „Mамурен народ”….., овој пат изведени под ѕвезденото небо на Охрид. За овој концерт има огромен интерес од публиката.
-На свој концерт не можеш да бидеш странец, мора да си убедлив, во елемент, внатре, како генератор на енергија и расположение, посочи Стефановски.
Почнал да свири гитара на 13-годишна возраст, а веќе на 18-годишна возраст ја основа групата „Леб и сол“, која набрзо станува една од најпопуларни рок групи на поранешна Југославија, вешто спојувајќи ја македонската традиционална музика и современ рок.
По распадот на групата „Леб и сол“, Стефановски од средината на деведесеттите развива успешна соло кариера. Со своето „Влатко Стефановски Трио“ настапуваше низ целиот свет, а во 2007 година доделен му е почесен докторат по уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Легендарниот музичар е познат по својата уникатна гитарска техника и тон бидејќи создава богат звук исполнет со имагинација и едноставност. Благодарение на неговата виртуозност и склоност кон интересни импровизации, неговиот шармантен пристап кон балканската музика и неисцрпната енергија со која плени со децении, Стефановски важи и родоначалник на етно-рокот.