Власта импровизира со потрошувачки кошнички место да се справи со нефер трговските практики


Наместо да се импровизира со некакви потошувачки кошнички кои ќе бидат согласно сезоната, потребно е навремено да стартува законот за фер трговски практики смета претседателката на Организацијата на потрошувачи ,Маријана Лончар Велкова.

Таа додава дека во законот кои се чека шест месеци има листа од 2,500 производи и секако таму влегуваат и овие 100 кои што сега владата планира да ги намали. Лончар стравува дека на овој начин можно е повторно да биде пролонгиран законот кој треба да направи намалување на цените на прехрамбените производи.

„Во поглед на кошничките сега есенска, зимска. Ние немаме устален режим на исхрана во смисла на некој луѓето си внимаваат на нутритивни вредности, внимаваат на цената и сето тоа на производите, во смисла на тоа едни производи се употребуваат и зима и лето ако земете кашкавалот, сирењето, па и други некој зеленчукови производи. Нас ни е страв дека ова ќе биде многу краткотрајно, ќе има многу краткотраен ефект и дека нема да се продолжува.“ – вели Лончар.